M A K E D O N I U M
  Македонски | Deutsch | Français |

Makedonija


Знаме на Р. Македонија

 


Грб на Р.Македонија

 

Химна на Р. Македонија

(MP3 - 520 kB)

Makedonskoto Zname
Македонското знаме

 

d1

d1

Добродојдовте

Македонци кои живеат и работат во Швајцарија, се организирани во бројни здруженија и организации. Нивните активности ги презентираат на неколку интернет страни, преку писмени информации и лични контакти.

Оваа интернет презентација ја развиваме со единствена цел - на што е можно поедноставен и најдиректен начин, сите заинтересирани навремено и едноставно се информираат за настаните и активностите кои ги организираат Македонските друштва и организации. На овие страни исто така ќе се најдат и мали информации за Македонија и Македонската историја, традиција и култура.

Ако сакате на било кој начин да ни помогнете, не мислете се, контактирајте не.
Информации, сугестии, а исто и критики ќе ни помогнат да на ова место за брзо време направиме еден Македонски портал на пријателство и соработка меѓу сите Македонци во Швајцарија.


друга поговорка ...  


настани во Швајцарија » » »


31.12.2016, Unterägeri, ZG

Дочек на Новата година

Кој сака весело да ја дочека Новата 2017 година, ќе има можност тоа да го стори во Унтераегри во Кантон Цуг.

 


11.12.2016, Urtenen-Schönbühl, BE

Организација на жените од Македонија во Швајцарија

Божиќна трпеза 2016

И оваа година ќе имаме чест да уживаме во изложбата на фотографиите на Гордан Ристовски. За музичкиот дел ќе се погрижат оркестарот Мераклии, кој со гордост можеме да кажеме дека е оформен со нас, ОЖМ-Ш. За прв пат имаме можност да уживаме во тоновите на Харфа кои во 15 минутна представа ќе ни ѓи представат сестричките македноки 14-годишната Ноеми и 11-годишната Тимеа Hotz од Женева.

Ве очекуваме ...

 

Божиќна трпеза

» Организација на жените од Македонија во Швајцарија

» Организација на жените од Македонија во Швајцарија (facebook)


 

ИЗВЕСТУВАЊЕ
19.10.2016 година

AI


1.Ве известуваме дека Претседателот на Собранието на Република Македонија распиша предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 11 декември 2016 година.
Во Дипломатско Конзуларните претставништва (ДКП) на Република Македонија во странство, гласањето ќе се одржи на 10 декември (сабота) 2016 година, согласно со сметањето на времето во соодветната земја.

2. Сите државјани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство се запишуваат во посебен Избирачки список. . Овие лица се запишуваат според нивното последно живеалиште во Република Македонија пред заминувањето во странство (член 41 став 5 од Изборниот законик-Сл.весник на РМ бр. 54/2011).

3. Државната изборна комисија преку Министерството за надворешни работи ги доставува до ДКП посебните изводи од Избирачкиот список за лицата на привремена работа или престој во странство врз основа на евиденција од надлежен орган, за ставање на јавен увид (член 49 став 2, во врска со член 15 став 2 од Изборниот законик).
Јавниот увид во посебниот избирачки список во ДКП започнува на 28 октомври и ќе трае до 11 ноември 2016 година до 24:00 часот.

4. Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список (член 50-а став 6 во врска со член 15 став 2 од Изборниот законик), за време на јавниот увид, државјаните на република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство го поднесуваат по електронска пошта до ДИК, од 28 октомври до 11 ноември 2016 година, до 24:00 часот.
Барањето може да се поднесе во периодот од 28 октомври до 11 ноември 2016 година.

5. Од денот на распишувањето на изборите до завршување на јавниот увид, државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат да достават Пријава за гласање, своерачно потпишана или испратена по електронска пошта со која се пријавуваат за гласање на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија (член 50-а став 8 во врска со член 15 став 2).
Пријавата за гласање може да се поднесе во периодот од 18 октомври до 11 ноември 2016 година, до 24:00 часот.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ
21.10.2016 година

Од денот на распишувањето на изборите до завршување на јавниот увид, државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат да достават Пријава за гласање, своерачно потпишана или испратена по електронска пошта со која се пријавуваат за гласање на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија до ДИК (член 50-а став 8 во врска со член 15 став 2).

Образецот – пријава за гласање, како и сите други информации во врска со гласањето може да ги најдете на интернет страната на ДИК односно на линкот

http://www.sec.mk/predvremeni-izbori-za-pratenici-2016/

 

 


ноември 2016

»GYPSY FESTIVAL 2016«

Покрај музичарите кои секоја година учествуваат во рамките на овој фестивал, оваа година и Есма Реџепова како представник на ромската музика од Македонија.
Неколку настапи низ Швајцарија, одберете место и време и уживајте...

ГФ16

» www.ssassa.ch
» www.gypsyfestival.ch


 

април 2016

Велигденско Послание

Воскресение Христовсо, Еинсиделн

...
Затоа, и денес, на Велигден, стоејќи простум пред Бога Седржителот, да се помолиме заедно со свети Климент и со сите македонски светии, и да испросиме преобразба на секого и меѓусебно сплотување; да побараме исцеление на раните што ги трпиме и лузните што ги носиме; да измолиме оттргнување на страданијата и искушенијата со кои живееме – та да можеме, во Негова слава и со Негова помош, да одиме по патот на доблеста и да се овенчаме со вистинската добрина и со секој дар што доаѓа од Него. Уште поусрдно да се помолиме, Бог да ги запре немирите и војните кај нас и во целиот свет, да ги врати раселените во своите домови, да ги закрили оние што страдаат и да ги овенча со маченички и исповеднички венци бројните христијани и невини луѓе кои и во нашиве дни ја сведочат верата во Христа Воскреснатиот.
...

г.г. Стефан


Triengen, MPCO Sv. Naum Ohridski

Велигденски празници


 


март 2016

06.03.2016, Villmergen, AG

Осмомартовска забава

Мега Забава

По повод 8ми март, денот на Жената,
ЗМД организира супер забава.
недела 06.03.2016, почеток 13 часот
Mehrzweckhalle, 5612 Villmergen, AG

ИНФО »»»

 


јануари 2016

10.01.2016, Sursee, LU

Божиќна забава,
Македонската православна црква Св. Наум Охридски во Триенген и оваа година организираше музичка забава по повод Божиќните празници.
Како и секогаш до сега, музичката забава беше добро посетена. Се сретнаа роднини, приатели, познаници од сите делови на Швајцарија.
Од многубројните информации за сѐ и сешто, би сакале само две да ви ги пренесеме:

Крсте Петков Мисирков, Баар Никола Карев, Сурсее

Апелираме до Македонците во Швајцарија кои имаат деца во школска возраст да ги искористат овие можности за учење на Македонскиот јазик и Македонската култура и воедно ги подржат регионаните училишта во нивната работа.

 



Пријатни и спокојни Божиќни прзници

Badnik

... Подучени од светите богоугодници, да Го молиме Господа нашите срца да станат плодни ниви на добродетелта, па во секој од нас да потече извор на мир и братска љубов. Господ Христос е нашата моќ, нашата помош, нашата утеха, нашата радост и нашата надеж. Тој, како Човекољубец, со благодатната сила на Својата правда, нека ја поткрепува нашата Света Црква за да истраеме по патот на вистината, да го заштитува нашиот боговерен народ и со Својот Свет Дух да ја ороси нашата македонска земја. Да ги запре омразата, поделбите и меѓусебните непријателства. ...

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

ЧЕСТИТО И БЛАГОСЛОВЕНО
НОВОТО ЛЕТО ГОСПОДОВО!

АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
†СТЕФАН
со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква

 

(Божиќно послание во целост »»»)

 


 

Среќна Нова 2016 година

Нека Новата година ви донесе многу здравје, радост и мир.


 


  Пријави настан - makedonium@hotmail.com
Датум
Место
Настан
     
31.01.2016 U-Schönbühl, BE » Вешта Жена 2016 «
07.02.2016 Wettingen Турнир во мал фудбал
     
     

 

АРХИВ

2008 - 2009 »»»

2010 »»»

2011 »»»

2012 »»»

2013 »»»

2014 »»»

2015 »»»


 

link
Македонски културни бисери
mudrosti
MK pogovorki

zanimlivosti

писма

You Tube

Ubavinite na Makedonija
«Убавата Македонија»


 

www.macdonium.org

uciMakedonski-online

Kavadarci

macedonia-timeless

http://www.mkrevolucija.com/

Matica na iselenicite od Makedonija

Arhiv na Makedonija

Turisticki iformacii za Makedonija

Makedonska istorija

Krale Marko

ristovski.ch

AleksandarMakedonski.eu

MK Dijaspora CH

OFF NET - Radio

 

makedonium.ch © 2006-2016
impressum